И во недела им се брзало: Казнети 230 возачи, секој втор возел пребрзо

Вчера, на последниот ден од викендот, пречекорувањето на дозволената брзина бил најчест сообраќаен прекршок. Полицијата денеска соопшти дека на територија на град Скопје биле изречени вкупно 230 мерки.

-Меѓи нив за возење повеќе од дозволената брзина 102 санкции, 21 мерка за возење без возачка дозвола, 18 санкции за некористење сигурносен појас. Изречени се шест мерки за користење мобилен телефон при возење, три санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), 13 санкции за возење под дејство на алкохол…, соопшти полицијата.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

-Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, предупредуваат од МВР.

Претходна вестДенеска и утре посебен режим на сообраќај во Скопје
Следна вестИзложбата „Првиот скопски партизански одред“ вечерва во Музејот на Град Скопје