И вториот осомничен за тепањето на Пендиков, лишен од слобода

Осомничениот битолчанец кој учествувал во нападот на Христијан Пендиков, вчера е приведен од страна на охридската полиција. Според првичните информации тој е осомничен за нанесување за тешки телесни повреди на секретарот, а за тоа дали ќе му бидат одредени мерки за обезбедување присуство ќе каже охридското Обвинителство.

– Вчера во 17.00 часот, полициски службенци од СВР Охрид го лишиле од слобода Б.А.(23) од Битола. Тој бил баран по централна потерница поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“ по член 131 од Кривичниот законик. Осомничениот е задржан во полициска станица и ќе биде предаден на надлежното ОЈО, велат од полицијата за Макфакс.

Постапка за нападот на Пендиков досега се водеше само против едно лице кое беше во 30 дневен притвор. Нему ќе му се суди во охридскиот суд, а рочиштата треба да почнат од следната недела.

Претходна вестТалат Џафери: И моите деца ги уживаат сите права и можности во ова општество
Следна вестЛевица: Судско-обвинителската династија на СДС-ДУИ-ДПМНЕ го уништува судскиот систем