Новиот дом на „Танец“ е во рацете на министерството за култура. Отакако Владата на седница одобри средства за изградба на ново седиште на еден од најголемите македонски брендови сега се чека министертвото да достави предлог решение за новиот изглед.
Во очекување на оваа државна институција да се произнесе, за „Танец“ и самата одлука за одобрување средства е многу важна, оти се случува по 7 години постоење на светскиот, а наш македонски ансамбл.
-По седум децении постоење, една од најважните македонски институции од областа на културата кај нас ќе добие своја сала и соодветни услови за работа и концертирање, достојни за нејзината историска важност. Ова е прв пат, некоја влада да има слух за значајната улога на адекватните просторни услови во целокупниот раст и натамошен развојот на овој наш најголем амбасадор на македонското фолклорно богатство и македонската култура, воопшто, велат од „Танец“.
Министерот за култура Хусни Исмаили до сега ништо јавно не проговорил на оваа тема.