Има ли некој на време да ги изгасне уличните светилки во Аеродром

Да се штеди, да се чува струјата, да не се трошат парите на граѓаните непотребно… Ова често го слушаме од нашите политичари, министри, градоначалници во ова време. Па се носат најразлични мерки, планови за штедење, за рационализација за да им се покаже на граѓаните како се води сметка за секој денар.

Но, дали е секогаш така? Се води ли сметка за да се сопрат непотребните трошења. Се чини дека не. Пример е од скопската општина Аеродром, со уличното осветлување. Веќе со денови јавното улично осветлување работи и во периодот кога не е потребно, кога веќе постои добра денска светлина. Редовно светлата до 8 часот изутрина а некогаш и до 10. Таков е посебно случајот со светилките поставени на повеќе локации во населбата Острово, во близина на ПИОМ и на ОУ „Браќа Миладиновци“, а кои ги забележа нашиот фотоапарат.

Колку чини овој непотребен трошок, не е тешко да се пресмета. А доволно е само да се изврши подесување на прекидачите. Но, некој од општина Аеродром треба да даде налог за тоа, а тоа е, нели, многу тешка работа…

Претходна вест70 проценти од Македонците се против преговарачката рамка со ЕУ
Следна вестЗапочнува чистењето на езерцата и каналите во Градскиот парк