Иницијативата за кривично гонење на екс-министерот за култура ги скара Гаши и Антикорупциска

Антикорупциската комисија смета дека изјавата на претседателот на Алтернатива, Африм Гаши, во однос на Иницијативата на ДКСК за кривично гонење на Хусни Исмаили од оваа партија, поради злоупотреба на службената положба и овластување за време додека бил мнинистер за култура, е „сериозен обид за политизирање“ на нејзината работа.

Државната комисија за спречување на корупцијата ја покрена Иницијативата до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, а лидерот на Алтернатива, Гаши, за ТВ Сител  завчера изјави дека се работи за „многу индикативна иницијатива започната од политички структури, целосно политизирана“, дека таа е „тенденциозна“ и дека „постојат зли сили“ зад Иницијативата на ДКСК.

– Каков било обид за ставање на работата и одлучувањето на ДКСК во дневнополитички интереси и изјави може само да штети на напорите за спречување и борба против корупцијата во целина. Со ваквите изјави не само што се прави обид да се наштети и дискредитира работењето на ДКСК, туку се прави обид и за влијание врз другите органи и институции што треба понатаму да ги проследат нејзините иницијативи и препораки, што е спротивно и на укажувањата на последните извештаи за напредокот од страна на Европската комисија во однос на ДКСК, како и неодамнешните заклучоци од Советот за општи работи на ЕУ дека треба да се почитуваат препораките од Државната комисија за спречување на корупцијата, реагира денеска Антикорупциската комисија.

Во соопштението ДКСК образложува врз основа на што е покрената Иницијативата: На барање од Министерството за култура, од јули 2021 година, а во врска со Заклучок на 71-та седница на Владата од 18 мај 2021 што се однесува на точка 78 за Информација за утврдена фактичка сосотојба од извршен преглед и контрола на проекти избрани на Годишните конкурси за финансирање на проекти од национален интерес од областа на фолклорот, музичката и музичко-сценската дејност и интердисциплинарните проекти за 2020 година.

Претходна вестОпозицијата со аплауз ја поздрави оставката на Заев и ја обвини Владата дека бега од пратенички прашања
Следна вестМПЦ-ОА до власта: Во преговорите со Бугарија да се чува националниот интерес и идентитет