„Историјата на Охридската Архиепископија“ од Снегаров и четири книги на Зографски првпат достапни на македонски јазик

Kапиталното двотомно дело „Историја на Охридската архиепископија“ од реномираниот славист, историчар, универзитетски професор и академик од минатиот век Иван Снегаров првпат e преведено на македонски јазик и наскоро ќе биде достапно за македонските читатели.

Oвие два тома ќе бидат издадени во превод на издавачката куќа „Икона“. „Икона“ ги печати и четирите книги на великанот на преродбата од 19-от век, галичанецот Партениј Зографски.

Тој бил ученик на Димитар Миладинов во Охрид, писател, учебникар, фолклорист, народен деец и духовник, митрополит во Кукуш, Дојран (Полјанин) и Ниш.

Овие наслови ќе бидат промовирани на петти март 2024 година во 13.30 часот во Националната галерија Даут-пашин амам. Во рамки на настанот ќе бидат промовирани и двата тома од „Житија на Светителите“.

Проектот е поддржан од Бугарската поддршка за развој.

На изглед таа лежи заедно со одамнешните мртви, но во реалноста таа се движи и со нас живите, како сенка од нашите тела, зашто ништо човечко не настанува од ништо.

Денешните собитија ги кријат своите корени во минатото, коешто е стебло на иднината.
Вака охриѓанецот Иван Снегаров ќе го опише своето дело „Историја на Охридската архиепископија, кое е плод на неговата дипломска работа којашто произлегла по неговите студии во Киев на Духовната академија, соопшти „Икона“.

Претходна вестЛевица: Нема раскол – го чистиме опортунистичкиот џган во нашите редови поддржан од ВМРО-ДПМНЕ
Следна вестХеројот Сава Михаилов кога снемал муниција – на Османлиите жив не им се предал