Во Францускиот институт и во кафе-барот Нано во Скопје се претставени уметнички инсталации од македонскиот уметник Антонио Пирковски, под насловот „Неонска рефлексија“. Изложбата ќе биде отворена до 31 октомври.
Кураторот на изложбата, Кристина Глигоровска објасни дека уметничките инсталации го отсликуваат современиот пристап кон создавањето на скулптурални дела, генезата на универзумот, трансхуманизмот, како и човекот на денешницата во процесот на трансформација во сајбер-човекот од иднината.
-Клучниот елемент во делата е неонската светлина, која во излогот на Францускиот институт ја рефлектира пораката за испреплетената природа на уметноста, знаењето и модата која е моќна алатка за визуелизација на иднината, додека во излогот на кафе-барот Нано е отсликана симбиозата помеѓу уметноста, науката и технологијата, додаде Глигоровска.