Измамен кавадарчанец за сума од 13.000 денари

На 13.03.2023 во ОВР Кавадарци, 30-годишен жител на Кавадарци пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 13.000 денари.

Според пријавеното, на 12.03.2023 лицето му се јавило и се договориле да изврши чистење на објект во с.Чашка, велешко.

Како што е пријавено, лицето побарало од него пред да дојде во Чашка, да ги даде парите на друго лице во Росоман, кое треба да ги однесе на лице во Неготино за наводен долг.

Исто така, според пријавеното, тој ги дал парите, а откако стигнал во Велес лицето не му се јавувало на телефон, по што сфатил дека е измамен.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Претходна вестБајден издаде декрет за детална проверка на купувачите на оружје
Следна вестОблачно и релативно студено време со повремени врнежи од дожд