Облачно и релативно студено време со повремени врнежи од дожд

Во Скопската котлина денес ќе преовладува облачно време со повремени врнежи од дожд, особено попладне и во текот на ноќта кога ќе дува и засилен северен ветер. Температурите ќе се движат од 3 до 10 степени.

На подрачјето на Македонија, времето ќе биде претежно облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Попладне и во текот на ноќта на места врнежите ќе бидат пообилни, а поради продор на постудена воздушна маса со засилен северен ветер ќе преминуваат во снег на повисоките и на некои пониски места, особено во западните делови. На планините ќе се формира нова снежна покривка, а помала и на некои повисоки места. Минималната температура ќе биде 0 а максималната 10 степени.

Претходна вестИзмамен кавадарчанец за сума од 13.000 денари
Следна вестГо напиша „Црно Семе“, ги опиша страдањата на Македонците: На денешен ден е роден – Ташко Георгиевски