Темно Режим Светло Режим

Јапонската влада сака да обезбеди мнозинство, па премиерката го распушти долниот дом на парламентот

Јапонската премиерка Санае Такаичи, го распушти Долниот дом на парламентот со што отвори можност за предвремени избори на 8 февруари. Таа на овој начин се стреми да го зголеми тенкото мнозинство што го има во Националниот парламент.

Шеесет и четиригодишната Такаичи беше избрана за прва жена премиер во Јапонија на крајот на октомври, како предлог на партијата, која е на власт речиси континуирано од 1955 година.

Но, партијата неодамна ги загуби мнозинствата во двата дома на парламентот, па на овој начин ќе се обиде да ги придобие гласачи кои се свртеа кон десничарската партија Сансеито.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост

Протест на вработените во „Македонски пошти“ излегоа на протест, револтирани се поради доцнење на платите

Следниот Пост

Европската Унија ќе го брани Гренланд од Трамп со инвестиции