Темен режим Режим на светлина

Протест на вработените во „Македонски пошти“ излегоа на протест, револтирани се поради доцнење на платите

Posta, makedonska posta direkcija

Незадоволството на вработените во Македонска Пошта денеска прерасна во организиран протест низ целата држава. Причина за ваквата реакција е доцнењето на платата, која до 23 јануари сè уште не им е исплатена.

Претседателот на синдикатот во Македонска Пошта, заедно со вработените, соопшти дека протестите ќе продолжат сè додека не се изврши исплатата.

Менаџментот бил известен и дека доколку следната плата не биде исплатена до 15 јануари, протестите ќе почнат веднаш, а како опција не е исклучен ниту целосен штрајк на вработените.

Вработените пак посочија дека покрај доцнењето на платите, работат и во лоши услови – без греење, без основна опрема, а дел од просториите содржат азбестен материјал.

Протестот не е ограничен само на Скопје. Вработени во повеќе градови низ државата денеска излегоа пред објектите на Македонска Пошта со истото барање.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Центарот на Скопје денес без вода

Вез вода дел од Тафталиџе поради дефект

Следна објава

Јапонската влада сака да обезбеди мнозинство, па премиерката го распушти долниот дом на парламентот