Темен режим Режим на светлина

Јавниот превоз утре ќе сообраќа по неделен возен ред

Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ соопшти дека утре, среда (19.1.2022 год), поради верскиот празник Богојавление (Водици), јавниот превоз ќе функционира по неделен возен ред.

Исклучок ќе бидат линиите 11, 11А, 18А, 32, 47А, 51, 55, 55Б, 55В, 56, 56А, 70, 74, 81, 118, 160, 164 и 180, кои ќе сообраќаат по саботен возен ред.

Дежурни ќе бидат билетарниците на Зелен пазар и Транспортен центар, кои ќе работат од 7 до 19 часот, а од 7 до 13 часот отворена ќе биде билетарницата во Ѓорче Петров.

Жичницата ќе работи вообичаено, од 10 до 17 часот.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Премиерот Ковачевски го пречека премиерот Петков на првата официјална посета на нашата земја

Следна објава

Во Бугарија од четврток со задолжителен негативен ПЦР