Јовев: Не ми понудиле да бидам министер за здравство, но ако ми понудат би прифатил

Професорот д-р Сашко Јовев во емисија „Стадион“ на Канал 77 вели дека не му било понудено никогаш да биде министер здравство, но дека доколку се случи тоа во иднина секако ќе прифати.

-Не ми е никогаш нудено да бидам министер за здравство, но ако тоа  се случи со задоволство ќе го ставам цел свој капацитет на располагање. Значи да, би сакал, рече Јовев.

Тој вели дека со задоволство ќе го стави целиот свој капацитет на располагање. Во емисијата Јовев рече дека сè уште не го потпишал решението за разрешување од директорската функција на државната Кардиохирургија откако министерот за здравство Фатмир Меџити рече дека нема да толерира директори кои како што рече „седат и спијат“.

Тој уверува дека нема злоупотреби, а кога станува збор за долговите вели дека секоја клиника е должна.

-Ние сме Клиника што користи најскапи можни материјали.  Јас сум четири години директор,  а таа постои седум години. Во првите три години јас бев шеф на проектот за развој на проектот за Кардиохирургија, имавме економски директор. Јас наследив долгови, а направив „бум“ со добивање на најсовремена опрема, се генерираше долг, но тој е помал од долговите на останатите клиники, истакна докторот.

Претходна вестИзлетувањето од патот кај Подмочани кобно за ресенчанец
Следна вестВМРО-ДПМНЕ: СДСМ прво да изјасни кој од двата услови го прифаќаат