Општина Карпош во соработка со аутсорсинг компанијата од средината на следниот месец ќе започне со реализација на бесплатни обуки за дигитална писменост и економска инволвираност, како проект од годишната програма за еднакви можности меѓу жените и мажите. Следење на обуките ќе опфати три категории и тоа постарите жители на Карпош, лицата во социјален ризик и лица од маргинализирани групи. Обуките ќе се одржуваат секој вторник во просториите на училиштето „Јан Амос Коменски”. „Оваа иницијатива ќе им помогне на повозрасните граѓани, како и на лицата од социјален ризик и маргинализираните групи граѓани, полесно да зачекорат во дигиталниот свет, односно да стекнат вештини за примена на паметните телефони, како и користење на услугите како што се електронското банкарство, комуникациски апликации, социјалните мрежи итн,“ нагласија од Општина Карпош.




