Темен режим Режим на светлина

Казни за 235 возачи на мотоцикли, два мотоцикли одземени

Во текот на вчерашниот ден спроведена е засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 235 возачи.

Од нив, соопштија денеска од МВР, 140 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 48 возеле без возачка дозвола, два мотоцикли се одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава, а санкционирани се и други прекршоци.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Полицијата ќе поднесе пријава: Син осомничен за напад со нож врз татко си

Турчин со остар предмет повредил арачиновец, па продолжил да напаѓа луѓе

Следна објава

Утре прекин на водоснабдувањето во општина Гази Баба