Темен режим Режим на светлина

206 сообраќајни прекршоци во Скопје, пешаците стасаа до 42 казни

Пешаците вчера беа најбројна категорија на учесници во сообраќајот којашто „заработила“ казни поради различни прекршоци. Сообраќајната полиција на вкупно 42 граѓани им напиша казни, најчесто поради поминување на улиците надвор од пешачките премини.

Инаку, на територија на град Скопје во текот на вчерашниот ден се изречени вкупно 206 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 35 санкции.

-Имало и 11 санкции за возење без возачка дозвола, седум мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, шест мерки за користење мобилен телефон при возење, осум санкции за некористење сигурносен појас, осум мерки за непрописно престројување на возила, четири санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, наведуваат од МВР.

Од Министерството апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Спорниот ДУП не помина пред Советот на општина Карпош

Следна објава

Секој ден издвојувам 2 – 3 часа за шахот, освоив многу награди, сонувам да бидам велемајстор