Темен режим Режим на светлина

Маж украл сообраќаен знак, а потоа запирал возила и фрлал со тврди предмети кон нив

Маж од Крива Паланка прво отстранил сообраќаен знак, а потоа запирал возила и фрлал со тврди предмети кон нив. При интервенција на полицијата тој се однесувал агресивно кон полициските службеници.

– СВР Куманово поднесе кривична пријава против С.С.(31) од Крива Паланка, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „загрозување на безбедноста и сообраќајот“.

Пријавениот на 08.05.2023 кај место викано „Осички Мост“ на ул. „Св. Јоаким Осоговски“ во Крива Паланка, од улица отстранил сообраќаен знак со што ја загрозил безбедноста на сообраќајот, а потоа, употребувајќи го сообраќајниот знак, на раскрсница на магистрален пат од Крива Паланка кон Деве Баир, на место викано „Осички Мост“, запирал возила и фрлал со тврди предмети кон нив, информираат од МВР.

Воедно, пријавениот со агресивно однесување и закани попречувал службени лица при вршење на службени дејства.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Секој ден издвојувам 2 – 3 часа за шахот, освоив многу награди, сонувам да бидам велемајстор

Следна објава

Мажи се степале во казино во Илинден