Ќе го сечат ли дрворедот во Аеродром кај ОУ „Љубен Лапе“?

Што е решено за продолжувањето на улицата „Васко Карангелески“ во скопската општина Аеродром во делот кој поминува покрај ОУ „Љубен Лапе“? Таму и денеска се вршат интензивни градежни активности чија што цел е очигледно да се продолжи улицата од „Мајчин дом“ кон булеварот „Трета македонска бригада“. Градежни работници веќе поставија постаменти за улично осветлување, а сега се врши и подготовка на теренот за ивичници на коловозот.

Но, дали ова ќе значи и сеча на повеќе дрвја кои одамна постојат покрај улицата? Надлежните јавно не соопштија ништо и сега е дилема дали тие ќе се сечат или ќе се бара некое друго решение. Познато е, реконструкцијата на оваа улица која започна при крајот на мандатот на скопскиот градоначалник Петре Шилегов и на градоначалник на Аеродром Златко Марин. Многу дрвја беа обележени со буквата „С“. Тоа предизвика отпор кај граѓаните. Тие и јавно протестираа со цел да се сочува дрворедот, а улицата да биде направена со поинакво сообраќајно решение.

-Улицата и не треба нешто посебно да се проширува. Не ми е јасно и зошто дел од дрворедот го надополнија пред една-две години ако сега го сечат, ни истакна еден пензионер кој живее во домот токму на улицата при протестите пред еден месец.

 Новиот градоначалник Тимчо Мицунски ветуваше зелен Аеродром. Сега тој е на потег – ќе се сечат дрвјата или не?

Претходна вест„Травијата“ под режисерската палка на Германката Верена Штојбер, вечерва во МОБ
Следна вестДали со заминувањето на Заев од Владата ќе замине и Мила Царовска?