Една седница нема да ги реши дивоградбите кои ДУИ ги гради 20 години, Данела Арсовска да не прави театар, истакна советникот во советот на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ Стефан Кирков на вчера одржаната седница на Советот на Град Скопје.
-Илузорно е, популистички и целосно провидно да се смета дека дивоградбите ќе ги реши една седница на советот на Град Скопје, ова е мегдан каде коалицијата на власт на СДСМ и Левица прават театар и циркус од работата во Градот Скопје. 4 години Данела Арсовска имаше време да реагира за сите дивоградби, сега во последниве четири месеци реши да прави популизам и театар кој ние не го прифаќаме, посочи Кирков.
Тој истакна дека дивоградбите не се случај во последната година, ниту пак тие ќе се решат за следните четири месеци.
-Дивоградбите не се случија последнава година, ниту ќе се решат за следните четири месеци. Но, има и такви во оваа сала кои се на власт 20 години со сите власти и молчат за дивоградбите. Има институции и тие институции треба да работат согласно законот. Да завршам и тоа е нашиот апел и затоа бидејќи не помина дневниот ред каде тука се сакаше да се прави спектакл и претстава за јавноста. Ние нема да учествуваме во политикантството, вели Кирков.


