Темно Режим Светло Режим

Кога пребрзото возење ќе стаса до нови и поостри казни?

Патиштата во Македонија вчера повторно наликуваа на арени за брзо возење. Доволна беше нова акциска контрола на полицијата во последниот ден од викендот за да повторно се види дека пребрзото возење и натаму царува по сообраќајниците. МВР денеска соопшти дека, при контроли на целата територија на државата, биле казнети дури 242 возачи коишто се движеле со брзина поголема од дозволената.

-Од нив 21 возило се движело со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа 105 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 137 надвор од населено место, се наведува во полицискиот извештај.

А слични соопштенија, со пак голем број на казнети возачи поради ваков опасен сообраќаен прекршок, имаше и во изминативе денови.

Очигледно, дел од возачите во земјава и натаму не се откажуваат од пребрзото возење. Па така, возат и по 50, 60, 70… километри на час над дозволената граница. Од тоа не ги премислуваат ниту високите казни кои што се движат и до 400 евра во денарска противвредност, ниту пак ризикот и опасностите коишто ги предизвикуваат со таквото возење. Одамна е констатирано дена неприлагоденото возење е главна причина за најголемиот дел од сообраќајните несреќи со тешки последици.

Во ваква ситуација, кога пребрзите возачи не може да ги дисциплинираат ниту контролите ниту високите казни, време е да се размислува и за други санкции – одземање дозвола, одземање автомобили или слично… Доколку работите останат какви што се сега тоа ќе значи дека остануваат и сите опасности од тешки сообраќајни несреќи, а единствено државниот буџет ќе се полни од изречените парични казни.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост

Македонските ракометари на чекор до пласманот на Европското првенство

Следниот Пост

Новите договори за парното греење ќе може да се потпишуваат на три пункта но и дома