Темен режим Режим на светлина

Кој организирано го преполнува Скопје со бездомни кучиња?

Глутница кучиња речиси секојдневно напаѓаат минувачи, ги има многу и на кејот на Вардар Глутница кучиња речиси секојдневно напаѓаат минувачи, ги има многу и на кејот на Вардар

Скопје е преполно со бездомни кучиња. Вчера реагира дури и градското претпријатие за грижа за животните „Лајка“: „Скопје се соочува со голем прилив на бедомни кучиња кои во метрополата се носат од други градови“.

Ова е алармантно. На оваа појава мора брзо и соодветно да се реагира.

До пред некој месец фигурираше бројка од пет-шест илјади кучиња кои „шпартаат“ низ Скопје. Од надлежни лица беше наведувано дека само околу половина од тие кучиња се третирани за да се спречи нивното неконтролирано размножување.

Сега со наметнатиот прилив бројката е сигурно многу, многу поголема. Всушност тоа може и да се забележи низ главниот град. Каде и да се свртиш има кучиња бездомници. Впрочем, скоро секој ден има и по некој напад и каснување од страна на кучињата.

-Носат со комбиња десетици кучиња и ноќе ги истовараат во Скопје, коментира жител на Автокоманда.

Кој организирано го преполнува Скопје со бездомни кучиња?

На ова прашање мора брзо да се најде одговорот. Оваа појава мора да се спречи, а не да се става под тепих. И доста е од институционалната тактика – ние не сме за тоа надлежни.

И, додека се лоцираат виновниците за наметнатиот прилив на нови кучиња, ЈП „Лајка“ треба да запне и да наоѓа начин да го ублажува наметнатиот проблем. Сите скопски општини треба да ги подмируваат финансиските обврски кон ова претпријатие, а и самите да барат решение.

Потреба е заштита и на скопјани и на бездомните кучиња. Потребно е и да бидат казнети сите кои ги злоупотребуваат животните заради нивни цели, намери, неодговорност…

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

МВР со ново соопштение за бегството на Рамадани: Мерката куќен притвор на странски државјани на туѓа адреса на живеење е преседан

Следна објава

Загрижувачка проценка за Македонија: До 2050 година населението во Македонија ќе се намали на 1.519.000 жители