Темен режим Режим на светлина

Комбе со работници излета од мост на експресниот пат Штип – Радовиш, има и жртви

Комбе кое превезувало работници утринава излетало од мостот на Балатилиска Река на експресниот пат Штип-Радовиш. Според првичните информации има починати и повредени лица.

Во моментов на терен се две возила на Итната медицинска помош, тим од пожарникарите на ТППЕ-Штип и полициски службеници од Полициската станица во Штип. Во текот на денот се очекуваат детали за оваа тешка сообраќајна.

ФОТО: Миа

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Нови измени за платите на функционерите на дневен ред во Собранието

Денес Собранието ќе ја одржи 68. седница

Следна објава

Пумпните хидроцентрали – скриената карта во енергетската транзиција на Европа