Фалат 30 преносни компјутери во министерството за односи со заедниците.
Имено, Државниот завод за ревизија при ревизија во ова министерство за 2024 година констатирал кусоци на материјални средства, вклучувајќи 30 преносни компјутери, исплата на плата на вработените без да се обезбедат податоци за нивното присуство на работа и точење нафтени деривати во возила за кои не може да се потврди дека се во сопственост на Министерството.
Поради ова ДЗР дало неповолно мислење во однос на реалноста и објективноста на финансиските извештаи и усогласеноста со законската регулатива, упатства и воспоставените политики.
Со ова министерство неколку години управуваше Артан Груби, кој сега се наоѓа во домашен притвор за други дела.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:





