КСЗД: Клубот „Ванчо Михајлов“ не ги отстрани спорните содржини

Клубот „Ванчо Михајлов“ од Битола не ги отстрани спорните содржини од социјалните мрежи иако рокот за тоа истече, а денеска истекува и рокот за останатите препораки во однос на името и содржината, па доколку не постапи по нив, следува прекршочна постапка, порачаа денеска од Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД).

На прес – конференцијата беше истакнато дека се работи за содржините на социјалните мрежи за кои е утврдено дека освен што шират вознемирувачки говор во кој се величаат ликот, делото и идеологијата на Михајлов, постојат и сериозни индиции дека имаат расна и ксенофобична содржина, предизвикуваат нетрпеливост, омраза и дискриминација и го повредуваат правото и слободата на поголем број на луѓе. Натамошна постапка за ова ја води и Основното јавно обвинителство.

-Иако имаме право да поведеме прекршочна постапка, сепак решиле тоа да го препуштиме на Основното јавно обвинителство, кое побарало од нас до доставиме информации и копии од спорните содржини објавени од страна на клубот на социјалните мрежи.  Спорните содржини упатуваат не само на вознемирувачки говор, туку постојат сериозни индиции дека се повредуваат правата на поголем број на луѓе, а тоа упатува на одредби од членот од Кривичниот закон, со што топката ја префрламе на Основното јавно обвинителство, изјави членот на Комисијата, Весна Бендевска.

Таа додаде дека денеска истекува и рокот за препораките и во однос на спорното име и содржината на клубот. Врзано со ова, во наредните денови по овој рок, Комисијата очекува информација од Министерството за правда дали се спроведени нивните препораки.  А доколку не се, Комисијата има можност да поведе само прекршочна постапка.

-Министерството  за правда има обврска да изврши вонреден надзор на законитоста во примената на Законот за здруженија  и писмено да не информира. Културниот центар треба да докаже  дека во Централен регистар ќе го смени името и актите во кои стои дека нивна цел е промоција на ликот,  делото и идеологијата на  Иван Михајлов, објасни  Бендевска.

 

Претходна вестИлон Маск е со намера да каже како се вршела цензура на Твитер
Следна вестВо Кинотека: Ретроспектива на филмови на Јиржи Менцл