Пратеничката група на Левица ќе поднесе предлог-измени на Законот за одбрана, со кои се воспоставува јасна правна рамка за учеството на Армијата на Република Македонија во операции надвор од територијата на државата.
Пратеникот Амар Мециновиќ, информираше дека со предложените измени, учеството ќе биде дозволено исклучиво во меѓународни мисии одобрени од Советот за безбедност на Обединетите Нации.
Целта на партијата е да се обезбеди дека државата нема да биде вовлечена во операции кои не се засновани на меѓународно право и поширок меѓународен консензус.
Мециновиќ нагласи дека овие измени излегуваат од рамките на дневната политика и претставуваат прашање на национален интерес, особено во услови на зголемени геополитички тензии и сè почести конфликти.





