Темен режим Режим на светлина

Лишен од слобода возачот кој во Скопје со возило „мерцедес“ удри во полициски службеник и избега од местото на настанот

Во Драчево прегазено 4-годишно дете, итно префрлено во болница Во Драчево прегазено 4-годишно дете, итно префрлено во болница

Лишен од слобода возачот кој во Скопје со возило „мерцедес“ удри во полициски службеник и избега од местото на настанот, следува кривична пријава

Полициски службеници од Одделението за увиди на сообраќајни незгоди при СВР Скопје го пронајдоа и лишија од слобода Д.С. (67) од Скопје, кој на 11.12.2025 во 14:45 часот на кружен тек од ул.„Борис Сарафов“, ул.„Лука Геров“, ул.„Македонски војски“ и бул.„Партизански Одреди“ во Скопје, со патничко возило „мерцедес“ удрил во полицискиот службеник Х.М.(34), кој извршувал службени дејства, по што со возилото го напуштил местото на настанот.

Во несреќата Х.М. се здобил со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, а по преземени мерки, возачот Д.С. е пронајден и по насоки на јавен обвинител, против него ќе биде поднесена кривична пријава.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Протест пред парламентот во Атина на грчките земјоделци

Нови блокади на Евзони и Ники

Следна објава

Македонската полиција уапси шверцери на брендирана роба