Лука Дончиќ: Во последно време се чувствувам како да не сум јас, туку само стојам на теренот

Постоење на приватни проблеми коишто му се одразуваат на играта го призна Лука Дончиќ, кошаркар и лидер на амариканскиот НБА тим Далас Маверикс. Тој беше многу блиску до трипл-дабл учинок (34 поени, 10 скока и 8 асистенции) на пресметката против Шарлот Хорнетс, но и тоа негово издание не беше доволно домаќините да бидат подобри.

Словенецот се појави на натпреварот со маица со интересен натпис (Се што ми треба е суво месо и ракија) кој насмеа многу луѓе во публиката. Но, по натпреварот тој изјави дека се соочува со одредени проблеми во прватниот живот кој го спречуваат да биде среќен, ужива во играта.

-Јас сум толку фрустриран. Мислам дека на сите ви е јасно кога ќе ме видите на теренот. Во последно време се чувствувам како да не сум јас, туку дека само стојам на теренот … порано уживав во тоа и се смеев во играта, но сега сум толку фрустриран од многу причини, не само кошаркарски. Многу тоа ми се случува  надвор од теренот што е поголемо од кошарката, но не сакам да зборувам за мојот приватен живот, истакна Дончиќ кој посочи дека мора како тим да се борат пожестоко.

Претходна вестАрхиепископ г.г. Стефан на чествувањето за Кирил Лешочки: Со запазување на верата го чуваме и нашиот идентитет
Следна вестВо стабилна состојба којашто може да се влоши е затруениот битолчанец