Во стабилна состојба којашто може да се влоши е затруениот битолчанец

Во стабилна состојба но којашто може да се влоши е битолчанец којшто неодмана испил корозивно средство што му било послужено наместо минерална вода во кафуле. Тој е веќе трети ден хоспитализиран на Клиниката за Токсикологија каде се следи неговата состојба.

Како што рече директорот на клиниката, Ридван Бајрами, пациентот бил примен во тешка состојба. Тој додаде дека постои можност состојбата да му се влоши.

-Направени се ендоскопски испитувања кои покажаа дека горниот дигистивен тракт е оштетен. Ќе видиме наредните денови како ќе се одвиваат работите, бидејќи тоа е патологија која се развива. Оштетувањето не е акутно, туку се развива – рече директорот.

Од таму додаваат дека засега пациентот е со стабилни витални параметри. Тој се жали на болка, но докторите велат дека во такви ситуации болката е нормална. Прима терапија за корозивна интоксикација и се чекаат резултатите од Институтот за судска медицина каде се вршат испитувања.

Според пријавеното А.Т. испил кафе и побарал флаширана вода, откако ја испил првата голтка осетил дека не е вода. Се претпоставува дека битолчанецот испил раствор за машинско миење на садови.

Претходна вестЛука Дончиќ: Во последно време се чувствувам како да не сум јас, туку само стојам на теренот
Следна вестДемократскиот сојуз: За уставни измени неопходно е Бугарија да го признае правото на организирање на Македонците