Темен режим Режим на светлина

Македонска владина делегација во работна посета на Унгарија

Владина делегација предводена од вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска престојува во работна посета на Унгарија.

За време на посетата, министрите Николоски и Мисајловски остварија средби со главниот советник за национална безбедност Марцел Биро, како и со Мате Лога, државен советник во Министерството за национална економија задолжен за економски развој и национални финансиски сервиси.

Работната посета е насочена кон зајакнување на севкупната билатерална соработка меѓу двете земји, со посебен акцент на унапредување на соработката во областа на одбраната и безбедноста, како и на продлабочување на економските односи.

Во рамки на посетата, како дел од македонската делегација, началникот на Генералштабот, генерал-мајор Сашко Лафчиски, оствари средба со својот унгарски колега, генералот Габор Боронди. Исто така, државниот секретар во Министерството за одбрана Елизабета Чуповска Ристова одржа средба со заменик-министерот за одбрана на Унгарија, Тамаш Варга.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Тошковски: Ниту една прослава не вреди колку животот и здравјето на децата

Следна објава

Димитриеска-Кочоска: Со поддршка од САД ги унапредуваме буџетските процеси и јавните финансии