Темен режим Режим на светлина

Малолетници затекнати во угостителски објекти по полноќ, локалите казнети со по 2 илјади евра

Две илјади евра казна ќе треба да платат два локала од Охрид. Во локалите синоќа при контрола полицијата затекнала 15 малолетници на кои им било овозможено присуство по 24 часот.

– Вчера во периодот од 00.50 до 02,20 часот, при извршени контроли по угостителски објекти во Охрид, полициските службеници во два објекти затекнале 15 малолетни лица на кои им било овозможено присуство по 24 часот, информираат од МВР.

По целосно документирање на случаите, против правните субјекти ќе бидат поднесени пријави според член 21 од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, каде е предвидена глоба од 2000 евра во денарска противвредност, соопшти полицијата.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Му забрануваа и да игра, но Ѓоковиќ и понатаму држи лекции: Земете ги работите во свои раце, верувајте и создавајте

Следна објава
Незначителна корекција на цените на горивата, еуросупер – 95 се намалува, дизелот се зголемува

Горивата поскапуваат за 1,50 денар