Темен режим Режим на светлина

Горивата поскапуваат за 1,50 денар

Незначителна корекција на цените на горивата, еуросупер – 95 се намалува, дизелот се зголемува Незначителна корекција на цените на горивата, еуросупер – 95 се намалува, дизелот се зголемува

Одлука за зголемување на малопродажните цени на горивата во просек за 2,09 отсто во однос на одлуката од 5 јуни, донесе Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги. Малопродажната цена на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е В) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемува за 1,50 денар по литар.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,922 денар по килограм и сега ќе изнесува 40,526 денар по килограм.

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 од полноќ ќе изнесува 81,50 денар по литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава за 83,50 денари по литар, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е В) за 70,50 денари по литар. Екстра лесното масло ќе се продава по 69,00 денари по литар, а Мазутот М-1 НС по 40,526 денари по килограм.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Малолетници затекнати во угостителски објекти по полноќ, локалите казнети со по 2 илјади евра

Следна објава

Катастрофални податоци: Во Кочани запишани 37 отсто помалку првачиња во однос на лани, 147 ученици се испишале поради иселување