Малолетник од Скопје исчезнат во 2020 полицијата го фатила како вози „опел“

16-годишен малолетник од Скопје, пријавен дека е исчезнат во 2020 година, полицијата го фатила како вози „опел„, во гостиварско. Тој бил предаден на претставник од Центарот за социјални работи.

Десетина минути по полноќ ноќеска во гостиварски Градец, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар запреле патничко моторно возило „опел“ со гостиварски регистарски ознаки, сопственост на лице од гостиварска Долна Бањица, а што го управувал 16-годишен малолетник од Скопје.

Притоа било констатирано дека малолетникот на 25 ноември 2020 година, бил пријавен дека се оддалечил од домот.

Претходна вестДоговорени поголеми плати во здравството: За сестрите покачување од 3.000, за останати по 2.000 денари
Следна вестНароден правобранител: За брз кредит од 9.000 денари на граѓанин му наплатиле 950 евра за „надомест за доцнење“