Малолетник приведен за кражби на паркинг во Автокоманда во мај годинава

Полицијата вчера уапси малолетник осомничен за „тешка кражба“ во мај годинава на паркинг во населбата Автокоманда.

Како што информира Министерството за внатрешни работи, малолетникот е осомничен дека кривичното дело го извршил заедно со други пет малолетници од Шуто Оризари и Топанско Поле на 8 мај годинава на паркинг во Автокоманда, при што со употреба на алат скршиле стакла на шест возила и одзеле предмети.

-Тој е приведен во Полициско одделение Шуто Оризари, каде во присуство на родител, адвокат и инспектор по малолетници е извршен службен разговор во врска со кривичното дело, наведува МВР.

Во изминатиот период службени разговори биле извршени и со петте други малолетници кои учествувале во извршувањето на ова кривично дело и по целосно документирање на случајот ЕВР Гази Баба ќе поднесе соодветен поднесок.

Претходна вестАрсовска нема да дозволи да се изгради „бетонско чудовиште“ во Ќерамидница
Следна вестОдбележани 22 години од загинувањето на бранителот Ѓоко Лазаревски од Лешок