Меѓународно признание за младите математичари од Ѓорче Петров

77

Учениците од општина Ѓорче Петров постигнаа извонреден успех на меѓународниот натпревар „Математика без граници“, кој 12-ти пат се одржа во Несебар, Бугарија. На натпреварот, на кој имаше 1.200 учесници од 13 држави,  учениците од Ѓорче се вратија со три сребрени и еден бронзен медал – резултат што претставува особена гордост за Општина Ѓорче Петров и за целата македонска јавност.

Македонскиот тим, предводен од наставничката Анкица Спасова, професорка по математика од Ѓорче Петров, го сочинуваа учениците Јана Спасова од ООУ „Мирче Ацев“ – Скопје и Анамарија Дафчева, Михаил Лалевски и Андреа Кулевска од ООУ „Тихомир Милошевски“ – Скопје.

Во рамките на денешната посета на кабинетот на градоначалникот, учениците и наставничката разговараа за тоа како Општината би можела и во иднина да придонесе кон дополнително подобрување на условите за учество на меѓународни натпревари од ваков тип.

По повод успехот, градоначалникот Александар Стојкоски истакна: „Чувствувам особена гордост и благодарност што во Ѓорче Петров имаме вакви ученици и наставници. Ова е уште една потврда дека вложувањето во образованието дава резултати. Ќе продолжиме посветено да ги поддржуваме младите таленти и нивните ментори бидејќи тие се темелот на здраво и просперитетно општество“.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна вестКирков: Поморот во куќата на стравот продолжува – во Скопје ЗОО починаа уште две лами
Следна вестССНМ: Апелот на Министерството за здравство претставува потенцијална цензура