Темен режим Режим на светлина

Инфалцијата во март намалена на месечно ниво, зголемена на годишно ниво

Владата упорно смирува, СДСМ упорно шири паника за поскапувања, има ли тука политичкото профитерство? Владата упорно смирува, СДСМ упорно шири паника за поскапувања, има ли тука политичкото профитерство?

Трошоците на живот во март бележат зголемување од 2,7 проценти на годишно ниво, а цените на мало се зголемени за 2,2 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика. Во однос на февруари, трошоците на живот се намалени за 1,3 проценти, а цените на мало за 0,9 проценти.

Намалувањето на инфлацијата во март е резултат на намалувањето на трошоците на животот во делот на храната и безалкохолните пијалаци за 3 проценти, Транспортот за 1,8 проценти, Мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата за 0,6 проценти, Алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 0,5 проценти и Разновидни стоки и услуги за 0,3 проценти.

Зголемување на трошоците на животот во однос на февруари има во групите: Домување, вода, електрика, гас и други горива и Облека и обувки за 0,4 проценти, Ресторани и хотели за 0,3 проценти, Комуникации и Здравје за 0,2 проценти и Рекреација и култура за 0,1 процент. Во групата Образование трошоците на живот остануваат на исто ниво како и во претходниот месец.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Алиу: Дигитализацијата не е технолошки луксуз, туку предуслов за ефикасно здравство

Следна објава
Тешка сообраќајна несреќа во Скопје, едно лице загина

Лишен од слобода возач во Скопје, возел со 3.08 алкохол во крв и предизвикал сообраќајна несреќа