Темно Режим Светло Режим

Мицкоски најави можност за користење мазут од државните резерви

Мицкоски: Венко лажеше за мигрантите, се докажа дека лаже и води манипулативна политика Мицкоски: Венко лажеше за мигрантите, се докажа дека лаже и води манипулативна политика

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека во моментов нема опасност од недостиг на гориво и електрична енергија во земјава и дека состојбата е стабилна.

Тој посочи дека државата располага со доволни количини на нафтени деривати и дека снабдувањето се одвива без проблеми, и покрај притисоците на глобалниот пазар.

Во однос на евентуалните мерки, премиерот најави дека се разгледува можноста за повлекување мазут од државните резерви, доколку тоа биде потребно, со цел да се одржи стабилноста на енергетскиот систем и да се спречи дополнителен ценовен притисок.

Тој нагласи дека Владата внимателно ја следи состојбата и е во постојана комуникација со компаниите и дистрибутерите, како и дека ќе реагира соодветно во зависност од развојот на настаните.

Според него, и покрај глобалната енергетска криза и растот на цените, во земјата нема ризик од сериозни нарушувања во снабдувањето.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост
Уапсен возачот што пред 3 дена во скопски Капиштец прегази 11-годишно девојче и побегна

Полициска акција во три града: Четворица приведени

Следниот Пост
Порака од Загреб: Пристапувањето во ЕУ да се базира на заслуги

Порака на Сиљановска - Давкова од Загреб: Пристапувањето во ЕУ да се базира на заслуги