Пакетот на мерките коишто ги предложи Владата не е добар и не решава ниту еден проблем, оцени денеска Христијан Мицкоски, лидер на опозициска ВМРО-ДПМНЕ. Тој на денешната конференција за печат излезе со посебен план за мерки за справување со енергетската криза наменет за стопанството, компаниите и граѓаните. Тој се надева дека ќе бидат разгледани од Владата и прифатени.
-Нашиот план за набавка на енергенси е на пат да профункционира и добро е што власта се согласи јавните водоводни претпријатија, здравствените болници и школи да бидат на регулкираниот пазар или да добијат поевтина струја. Но нема детален план со буџетски пресметки за секоја мерка, а нема поддршка за бизнисот кој плаќа осма најскапа струја во Европа. Вистинскиот лек го немаше во пакетот, тоа како домашно да ја стабилизираме цената на струјата, како ќе се справиме на среден рок. Затоа денес сакам да предложам нов пакет на мерки иако сме опозиција и инструментите се во раце на неодговорни и неспособни, рече Мицкоски.
Првиот предлог на ВМРО-ДПМНЕ е вишоците струја кои ги произведува АД ЕСМ кои се јавуваат во текот на ноќта и викендот да бидат отстапени на стопанството и тоа од 1 ноември до крајот на кризната состојба. Цената, според Мицкоски, нема да надмин 80 евра за мегават часови и се работи за 200 до 250 илјади мегават часови. Според него, за ова да се оствари треба да се интервенира во два закони бидејќи недела е неработен ден, за да може работодавачите да одберат кој ден од неделата би го користеле за слободен ден.
-Најголеми вишоци има во недела, затоа предлагаме „недела неработен ден“ да се замени со некој друг ден од неделата, предлага Мицкоски.
Втората мерка е секоја компанија која ќе плати цена на струја за мегават час над цената на регулираниот пазар, половина од разликата да ја превземе државата со субвенција. Според калкулации на ВМРО-ДПМНЕ, станува збор за педесетина милиони помош кон стопанството за да не ни случи колапс.
Мицкоски предложи како мерка викенд без ДДВ за основните прехрабени производи, интервенција во Законот за личен доход за што ќе поднесат измени во Собранието, да се одложи скалестото оданочување од 1 јануари 2023. Последната мерка се однесува на „дестерелизирање на благајничките записи во Народната банка“.





