Мицкоски: Прислушкувањето на АНБ не е удар врз мене и новинарите, туку врз демократијата и темелите на државата

17

Премиерот Христијан Мицкоски денеска од Владата се обрати на Тематски состанок за Партнерство за отворена власт. Тој уште еднаш потсети на скандалот со прислушувањето, и кажа дека тоа не е удар врз него лично, туку врз демократијата.

„Денеска сме собрани околу една идеја која е темел на секоја зрела демократија- отворената власт.

Со самото наше присуство овде испраќаме јасна порака: политичката волја и решеноста на Владата да продолжи со реформите во борбата против корупцијата, модернизацијата на јавниот сектор, дигиталната трансформација и јакнењето на демократската стабилност кои што како поими не се декларативни, туку реални и практични.

Нашата определба за партнерство и транспарентност е тесно поврзана со европската иднина на државата. Процесот на приближување кон Европската Унија не е само административна постапка, туку суштински трансформациски пат. Отворената власт е алатка преку која ефективно ја реализираме Програмата за работа на Владата 2024–2028, во чиј фокус се граѓаните и нивната доверба во институциите.

Во дискусиите денеска ќе се фокусираме токму на тоа – како преку принципите на транспарентност, отчетност и учество на јавноста да го поттикнеме напредокот во европската интеграција и реализацијата на клучните национални реформи.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна вестФилипче за случајот АНБ: Наместо лов на вештерки, темелна истрага и декласификација
Следна вестКоњановски во интервју за Курир ги открива идните планови за Битола