Темен режим Режим на светлина

Мицкоски: Уставните амандмани да влезат во сила тогаш кога за Македонија ќе биде донесена одлука да станеме членка на ЕУ

Не е проблем да гласаме за уставни измени, но тие да бидат одложено дејство. Уставните амандмани да влезат во сила тогаш кога за Македонија ќе биде донесена одлука да станеме членка на ЕУ. Ако Европа толку многу не сака, тогаш нека ја стави Македонија на брза лента во преговорите“, изјаво денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христријан Мицкоски при посетата на Кочани.  Тој ја поздрави изјавата на Бујар Османи дека ДУИ е подготвена да излезе од Владата.

Тој потесети дека сега е очигледно дека Владата нема двотретинско мнозинство за уставни измени кои што ги прифати без консултација со ВМРО-ДПМНЕ.

-Понудата од премиерот е СДСМ да ни отстапи 5 министерства, а ВМРО-ДПМНЕ да даде поддршка за уставните амандманаи. Но мојот одговор беше следен: Ја прифаќаме понудата за учество во Владата, но имаме услови. Прв услов, реков, е Македонија, односно Владата, да ја ослободиме од ДУИ, што значи без таа партија да функционира преодната Влада до изборите. Во таа смисла ја поздравувам изјавата на Бујар Османи да искаже согласност за нашето барање. Нашиот став беше дека ќе сториме се ДУИ да остране во опозиција, што конечно, нема да биде добро само за државата, туку ќе биде добро и за самата ДУИ за да се реорганизира, реформира, рече Мицкоски.

Тој потоа се осврна на значењето на разговорот со премиерот за уставните измени.

-Кога станува збор за уставните амандмани реков дека не е проблем да гласаме, но со одложено дејство, во сила уставните амандмани да стапат кога за Македонија ќе биде донесена одлука да станеме членка на ЕУ. Тоа значи практично околностите нема да се променат, нема да имаме промена на Устав, тие амандмани нема да бидат дел од новиот Устав се до моментот додека Македонија не стане земја членка на ЕУ. На тој начин го заштитуваме нашиот идентитет и на тој начин ние кажуваме дека нема да има дополнителни отстапки кои ќе можат да му наштетат на нашиот идентитет. Ако Европа толку многу не сака тогаш Македонија ќе ја стави на брза лента, рече Мицкоски и одговори дека од Ковачевски добил одговор дека тоа би значело менување на преговарачката рамка.

„Уставните амандмани да бидат ефективни и да станат дел од Уставот, а тоа значи и Бугарите во тој Устав ќе се официјализираат тогаш кога Македонија ќе стане членка на ЕУ“, одговори на уште едно новинарско прашање со кое се бараше дообјаснување на ставот за уставните измени.

Преодната Влада би била во таков состав до изборите, нагласи Мицкоски и оцени дека така и изборниот процес би бил од поголема доверба за граѓаните, а таа Влада не би имала по сила на некаков договор Албанец за премиер во последните сто дена.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Мајка – мечка скокна во брзите води на Пена за да го спаси мечето кај Бродец

Следна објава

Младо момче пронајдено починато во струмичко