Темен режим Режим на светлина

Мицкоски за црвените линии на Филипче: Со нетрпение ја очекувам Декларацијата

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека за Декларацијата за црвените линии, која ја најави лидерот на СДСМ, Венко Филипче, се надева дека откако ќе биде презентирана ќе има можност неколку дена детално да навлезе во суштината, целите и намерата на истата и како што рече „и ние како ВМРО – ДПМНЕ да учествуваме во дел од текстот на таа Декларација“.

-Јас со нетрпение ја очекувам Декларацијата, односно резулуцијата за црвените линии и тоа веќе го кажав.

Се надевам дека се уште постои демократски капацитет во СДСМ, откако ќе ја презентираат да сочекаат, да и ние другите политички партии дадеме свое мислење за текстот на истата.

Затоа што ако мислат дека ние априори ќе ја прифатиме, тогаш навистина јас сум збунет, бидејќи демократија така едноставно не функционира.

Ти претставуваш нешто и другите акламативно го прифаќаат, тоа е во некои други времиња, коишто одамна завршија, изјави Мицкоски на новинарско прашање по посетата на ГОБ „8 Септември“.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Филипче: Намалување на ДДВ за горивата од 18% на 5%, на акцизата за 4 денари и 0% ДДВ за храната

Аферата со АНБ е измислена, ВМРО-ДПМНЕ се плаши од вистината, истакна Венко Филипче

Следна објава

(ВИДЕО) На „Дрисла“ се уште има чадење, додека „Вардариште“ е смирено“