Темен режим Режим на светлина

Министерство за дигитална трансформација: Повеќе од 246.000 граѓани го користат СЕН системот

Над 246 илјади граѓани во повеќе институции користат една мејл адреса и една лозинка за регистрација на различните системи во државата, на лесен, брз и ефикасен начин, што е овозможено од Министерството за дигитална трансформација.

Како што соопшти Министерството, регистрирање на Системот за единствена најава (СЕН) е овозможено доколку е полнолетен граѓанин на Македонија или има регулиран престој согласно важечките законски прописи. При првата регистрација, граѓанинот автоматски станува и корисник на Националниот портал за електронски услуги – uslugi.gov.mk.

-Најнови институции кои го користат системот на единствена најава се Министерството за образование и наука во доменот на електронските услуги кои се нудат за учениците и студентите, Агенцијата за катастар на недвижности, Агенцијата за вработување и неколку други. Најлесен начин за регистрација е директно на Националниот портал за услуги – https://uslugi.gov.mk/user-profile или https://eid.mk Граѓаните може и лично да се регистрираат со лично присуство и со важечка лична карта или пасош, во некој од центрите за услуги на Министерството, во Центар, Аеродром, Тетово, Куманово, Штип, Битола, Охрид и Јегуновце, информира Министерството за дигитална трансформација.

Од таму додаваат и дека во наредниот период работи на приклучување на нови институции, општини, јавни претпријатија и приватни субјекти, „со што граѓаните нема да мора да паметат бројни различни лозинки за пристап, кориснички имиња и други потребни информации“.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Град Скопје ја заврши реконструкцијата на улицата Волковска

Следна објава

Извозот со раст од 3.2 отсто во првите пет месеци