„Мирно лето“ и „Фросина“ се македонското учество во проектот на Европската асоцијација на кинотеки

Кинотека на Македонија е дел од проектот на Европската асоцијација на кинотеки „Сезона на филмски класици“, па периодот што следи ќе биде посветен на емитување на токму вакви жанрови.

Како македонска страна учествуваме со новите дигитално реставрирани копии на играните филмови „Фросина“ и „Мирно лето“. Како што соопштија од Кинотеката, двете дигитални копии ќе бидат првпат прикажани во јуни годинава – во летното кино на Кинотеката, со што проектот „Сезона на филмски класици“ ќе финишира.

Инаку на 5 февруари ќе се одржи втората проекција од овој проект, кога Филмотеката на Валенсија ќе го прикаже немиот филм Санз и тајните на неговата уметност на својот „јутјуб“ канал. Првата проекција во рамки на проектот се одржа во декември 2020 година, кога Југословенската кинотека – на својот „јутјуб“ канал – го прикажа немиот филм Грешница без грев.

Претходна вестЗошто нема казни за сопствениците кои се изживуваат со коњите?
Следна вестПо утринската магла – сончево со умерена облачност