Мицкоски: Наместо да ја забранат корупцијата тие го забрануваат терминот „Македонија“

Не стивнуваат реакциите на македоските граѓани по вчерашното соопштение на Министерството за правда, кое забрани употреба на терминот „Македонија“. Преку Фејсбук реагира и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
-Наместо да ја забранат корупцијата и криминалот тие ја забрануваат употребата на терминот “Македонија”. Знаевме дека се криминалци, сега знаеме дека се и фашисти. Македонија за нас е свето име, освен што е наше право, тоа е и наш долг, напишал тој објавувајќи го и решението на министерството потпишано од министерот Маричиќ.
Претходна вестЛавров: Ако ни воведат нови санкции Русија е подготвена на прекин на односите со ЕУ
Следна вестЌе ја заобиколат ли пратениците министерката Царовска за матурата?