Темно Режим Светло Режим

МЗТ Скопје шампион во Купот по сигурна победа над Куманово

МЗТ Скопје шампион во Купот по сигурна победа над Куманово МЗТ Скопје шампион во Купот по сигурна победа над Куманово

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром го освоија трофејот во Куп на Македонија и донесоа уште еден пехар во клупските витрини. Тимот одигра доминантен турнир во Куманово, победувајќи ги сите противници со двоцифрена разлика, а во финалето го совлада домаќинот МКК Куманово со убедливи 96-70.

Финалниот натпревар помина без поголема неизвесност. МЗТ уште од почетокот создаде сигурна предност, која континуирано ја зголемуваше до самиот крај на средбата.

Најефикасен во победничкиот состав беше Мак Смит со 23 поени, Гил постигна 13, а Танасковиќ и Магдевски додадоа по 12 поени. Во редовите на Куманово, Митевски, Луковиќ и Ѓуроски реализираа по 13 поени.

Ова е вкупно 14-ти куп-трофеј за МЗТ Скопје во клупската историја, со што клубот уште еднаш ја потврди својата доминација на домашната кошаркарска сцена.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост
Меџити: Подземни контејнери за почист Чаир и европски стандард на живеење

Меџити: Подземни контејнери за почист Чаир и европски стандард на живеење