На 2.100 денари ќе се зголеми лимитот за поврат на ДДВ преку скенираните сметки

За 3.000 денари ќе се зголеми лимитот на повратот на ДДВ на граѓаните, најави денеска директорката на УЈП, Сања Лукаревска. На прес-конференцијата таа информира дека во наредниот период координирано со министерот за финансии, ќе поднесат предлог-измена на Законот за враќање на дел од ДДВ-то за физичките лица.

-Мерката „Мој ДДВ“ слави трет роденден. Со повратокот на дел од данокот на додадена вредност кај граѓаните вративме 4,2 милијарди денари. Измената на Законот е со цел од наредната година од 1-ви јануари 2023 година, да се зголеми лимитот на повратот на ДДВ. Граѓаните наместо 1.800 денари за тримесечје, да можат да добијат максимални 2.100 денари за скенираните сметки преку апликацијата „Мој ДДВ“. Со ова даваме дополнителен стимул и кај граѓаните и кај компаниите, објасни Лукаревска.

Претходна вестАсен Василев е кандидат за наследник на Кирил Петков
Следна вестССМ ќе бара оставка од пратениците кои нема да го изгласаат амандманот