Над 130 домаќинства во Лисиче добија енергетски фасади, печки на пелети, инвертери…

Над 130 домаќинства во Лисиче добија еколошки уреди за греење и енергетско ефикасни фасади во рамките на проектот „Справување со загадувањето во Град Скопје“. Проектот во изминатиот период низ неколку фази се реализираше во Општина Аеродром.

Во рамки на проектот вреден над два милиони американски долари, 129 социо-економски ранливи домаќинства добија финансиска помош. Во 81 домаќинство се заменети старите врати и прозорци со нови, направени се 39 енергетски ефикасни фасади и реновирани се 33 покриви. Инсталирани се 428 инвертери и пет топлински пумпи, а 37 стари печки и шпорети се заменети со со нови печки на пелети. еколошки уреди за греење и енергетско-ефикасни фасади.

Проектот е финансиран од Шведската амбасада со поддршка на УНДП.

-Шведска го поддржа УНДП во овој проект кој им помогна на речиси 130 домаќинства да ги направат своите домови помали загадувачи, со почист воздух во затворените простории. Тоа, исто така, го поевтини нивното загревање во текот на зимските месеци, што јасно покажува дека може да се изнајдат решенија што ќе ги опфатат сите“, изјави шведската амбасадорка Ами Ларсон Џеин на денешниот настан.

Градоначалникот Тимчо Муцунски го потенцираше значењето на овој проект кој е од огромна помош за жителите што се најпогодени од проблемот со загадувањето.

-Како Општина сме посветени на изнаоѓање трајни решенија при справувањето со загадениот воздух, но секогаш треба да целиме кон повеќе. Од клучно значење за квалитетот на животот во Аеродром е да креираме модели со кои ќе придонесеме за намалување на загаденоста, а некои веќе даваат и конкретни резултати, рече тој.

 

Претходна вестПесков: Тврдењата дека Русија стои зад можниот напад на гасоводите „Северен тек“ се глупави
Следна вестАрсовска назначи нови директори: Саид Саид во „Улици и Патишта“, Крсте Петрески на чело на „Градски паркинг“…