Темно Режим Светло Режим

Најмногу дожд во Маврови Анови

Променливо облачно со локални врнежи од дожд Променливо облачно со локални врнежи од дожд

Утрово низ државата беа измерени ниски температури, при што најстудено беше на Попова Шапка со само 1 степен Целзиусови. Во Берово, Крушево, Маврови Анови и Лазарополе минималната температура изнесуваше 4 степени, додека 6 степени беа измерени во Претор. Крива Паланка се разбуди на 7 степени, а Скопје-Петровец, Тетово, Охрид, Битола и Прилеп забележаа 8 степени.

Температура од 9 степени беше измерена во Скопје–Зајчев Рид, Штип, Виница, Демир Капија, Кавадарци и Струмица. Во Велес минималната достигна 10 степени, а највисоката утринска температура од 11 степени беше забележана во Гевгелија.

Во изминатите 24 часа, до 7 часот утринава, најмногу врнежи се регистрирани во Маврови Анови – дури 30 литри на квадратен метар. Следуваат Демир Капија со 24 литри и Битола и Крушево со по 20 литри. Во Гевгелија паднале 18 литри, во Кавадарци 14, а во Пожаране 12 литри дожд.

Скопје–Петровец, Претор и Велес измериле по 10 литри на квадратен метар, Лазарополе 9, а Скопје–Зајчев Рид, Тетово и Прилеп по 8. Помали количества врнежи се забележани во Тополчани (6 l/m²), Пожар–Радовиш (5), Берово (3), Охрид, Штип и Струмица (по 2) и Виница и Ѓуриште (по 1 литар).

Според прогнозата, денеска претпладне ќе биде облачно со повремен локален дожд. Попладне врнежите ќе престанат, а облачноста постепено ќе се намалува. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој долж Повардарието повремено ќе засилува. Максималната температура ќе се движи меѓу 9 и 13 степени.

Во Скопје се очекува облачно време со утрински слаб дожд. Ветерот од северен правец ќе биде слаб до умерен, а поизразен во делови од котлината. Максималната температура во главниот град ќе достигне до 12 степени.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост

Прекршочна постапка против Општина Струга поради пропуст со знамињата

Следниот Пост

Граничниот премин „Евзони“ и денеска ќе биде блокиран поради штрајкот на грчките земјоделци