Инциденти, кражба и напади врз случајни минувачи сториле грчки навивачи на ПАОК од Солун кои вчера беа додјени во Скопје за да присуствуваат на натпреварот натпреварот помеѓу женските ракометни тимови на Металург и ПАОК. Навивачка група од Грција вчера попладне го нарушила јавниот ред и мир во центарот на Скопје поради што имаше зголемено полициско присуство на прометната сообраќајница кај „Рекорд“.
– Околу 16:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачје на Центар-Скопје бил нарушен јавниот ред и мир од навивачи од навивачка група од Република Грција. Полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека дел од лицата од групата одзеле предмети од продажен објект и физички нападнале случајни минувачи. Групата била обезбедена и по целосно расчистување и документирање на случајот против сторителите ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, соопшти МВР.
Според сознанијата, навивачи на грчки ПАОК предизвикале инцидент кога нападнале едно момче со дрес на Вардар, по што ограбиле и неколку продавници. Полицијата интервенирала со што е спрече дополнителен хао. Вардаровите навивачи набрзо се организирале и се обиделе да го возвратат ударот. Тие влегле во спортската сала но полицијата спречила тепачка со гостинските фанови од Солун. Во салата не биле сите гостински симпатизери бидејќи дел од нив биле задржани од полицијата. Откако не успеале да ги пресретнат ривалите од ПАОК, навивачката група на Варадар ги чекале Грците на излезот од Скопје и се обиделе да го запрат автобусот, но повторно полицијата со брза реакција спречила тепачка. Откако не успеале во намерата да го запрат автобусот, решиле да го каменуваат истиот, но за среќа во инцидентот нема повредени лица.