Темно Режим Светло Режим

Неколку знаци дека партнерот можеби го губи интересот за врската

Секоја врска поминува низ различни фази – од почетната страст до длабоката блискост и стабилност. Но, ако почувствувате дека нешто се променило, дека топлината и блискоста избледуваат, можно е интересот од другата страна да се намалил.

Тоа не мора веднаш да значи крај, но може да биде сигнал дека е време за искрен разговор и преиспитување на односот.

Според експерти за односи, овие неколку знаци често укажуваат дека партнерот повеќе не е емоционално вклучен во врската или бракот:

1. Сè помалку разговор

Комуникацијата е темел на секоја здрава врска. Кога разговорите стануваат површни или ретки, а партнерот избегнува да зборува за иднината, тоа може да биде прв знак на оддалечување.
Советниците за врски велат дека ваквото молчење често е резултат на губење интерес или недостиг на заедничка визија. Искрениот разговор, без обвинувања, може да помогне повторно да се воспостави блискост – или барем да се разбере што навистина се случува.

2. Недостаток на физичка блискост

Физичкиот допир – прегратка, бакнеж, допир од нежност – е еден од најискрените начини да се изрази љубов. Кога тој исчезнува, тоа обично не е само замор или навика, туку знак дека нешто подлабоко недостасува.
Избегнувањето на интимност често е начин партнерот несвесно да се дистанцира. Затоа експертите препорачуваат отворено да се зборува за тоа и да се обидете повторно да се поврзете, наместо проблемот да се премолчува.

3. Избегнување заедничко време

Кога некој сè почесто наоѓа изговори да не поминува време со партнерот – било преку дополнителна работа, постојани излегувања или едноставно „немање волја“ – тоа може да укажува дека емоционално се оддалечил.
Таквото однесување не мора да значи дека врската завршува, но е јасен знак дека нешто недостига и дека треба да се разговара искрено за причините.

4. Недостаток на труд и внимание

Љубовта бара труд – и од едната и од другата страна. Кога партнерот престанува да се труди, заборава важни датуми, не покажува интерес или се однесува рамнодушно, тоа е сигнал дека врската повеќе не му е приоритет.

Во тие моменти најдобро се гледа кој е подготвен да се бори за односот. Ако обидите за зближување не наидуваат на одговор, можеби е време да се запрашате дали врската навистина е взаемна.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост

Деца украле автобус, па направиле хаос во Хрватска

Следниот Пост

Една улица во Скопје од утрово останува без вода