Темен режим Режим на светлина

Несреќа кај Зајас: Шлепер и три автомобили се судрија, патници однесени во болница

Неколку лица се пренесени во болница со Брза помош, по судир помеѓу три автомобили и шлепер.

Несреќата се случила во близина на Зајас. Сообраќајот е закочен, а екипи на полицијата се на терен.

„Има сообраќајка во близина на Зајас. Помеѓу три патнични возила и шлепер. Има неколку лица пренесени во болница. Карактерот на повредите засега не е познат“, вели Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

Засега не се познати ниту причините за несреќата.

Екипите на МВР се на терен каде се врши увид.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Утрово во Батници запалени 3 автомобили во сопственост на правни лица, повреден 48-годишен маж

Синот си го претепал неговиот татко

Следна објава

Изгоре помошен објект во пожар во пехчевското Црник